Утринава земјотрес во Грција

Утринава, околу шест часот, во Грција е регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, епицентарот бил во морскиот дел во Коринтскиот залив, 50 километри северозападно од Атина.