Утринска Слава

Секое утро се будев со шатор пред очите, така барем си мислев. Само шипката која го држеше шаторот пред моите очи изгледа спласналa, губелa кохезија годиниве, деновиве конечно го доживеав како посмртен чаршав. Добро утро, стоко сељачка, арни сте?…пардон, прекрасен мој народе, сите ве сакам!

Преку 8.000 филмски рабтници на нивниата им локална Златна Буба Мара не мацнаа со прстот у нашиот ќуп. А зошто би? Мислам, заслуживме? Да! Ама, зошто не? Си играат луѓето к-ташак како им драго, зошто би морале да се припотресат на нашето ремек-дело за дијабетско-органски производи?

Било политика?!?!

Се’ ве гледам и ви се чудам на вашиот прикриен ниско инфантилен патриотско, ем северџански занес на, бањато – небањати морализаторски концепти. Сите имаат мислење кое е правопорпорционално со вулгарноста која ја носите и обратнопропорционална со искомплексираноста која ја негувате како стебленца сатива – се премногу љубов и грижа. Од искуство од прва рака, да ви кажам дека најдолгите и најжестоки дебати во мојата емисија биле за Евровизија. Ммм, да. Траеле до доцна во ноќта и со недели. Со години беше така, и фала им на бесконсечните камења што Танос кликна, а глушецот не стапна на копчето да го врати Човекот – Мравка, па да се оправи оваа болна либерално – дегенерична амбуланта за лечење на родови фрустрации и срамни влакна на лицето. Неее, сите со некакви тези – „лелеј добра песна имаме“, ова е јакооо, ќе направиме лом… Па, еве децении потоа, откако не го испративме Гиш со Самовилска Свадба, некој година потоа една шунд верзија на сељанката Руслана победи, затоа што нашите музички дејци имаат „морнинг глори“ не кога се будат, туку кога ќе се погледнат во огледало!

Па, потоа плебсот, (…сега тотално искачање од шини и у провалија терам…) шо би рекол јадачот на хумус, кој никој ама никој не го осуди од неговите артистички повраќаници (дај, не лапајте, никој не писна, се беше околишење) а, и зошто би, не видов реакции од еврејските здруженија, борците против анти-семитизмот, анти-фашисти, амбасади … ?!?! Видовте? Сори јас не, ако треба да гуглам 10 минути за да најдам, исто ко да немало! Адио памети, терај Трич, кењај ни на глава, ти и Саше треба да сте директори на СМРТ, совет за радио контузија + министерство за некултура!

Назад на шините.

Откако некој наш пеач на кој му се припотресуваме до режење патриотско-емотивни вени ќе биде полиен со кофа ладна вода на Евровизија, почнуваме да кркаме врел бурек, оној од кој одма боли стомак, дека манифестацијата не чинела, се’ било политика, комшиите си гласале еден за друг… Па, алал да им е! И така со муабет до наредната година, додека повторно не дојде време за следна јуровижинија, сега со ѕвезда мање. Пак ќе има мудрување – добра била или лоша, требало не требало, а на денот сите ко мали деца со запек, чучнати на нокшир, со метла во рака, имитирајќи гитара, кмичиме со саати до следниото разочарување.

Така и со оваа статуетка која има некаков фалусен облик, а демек човек, и се потресовме дали ќе добиеме или јок, како што и испадна на крај… и сега ќе ве слушам, вас, кои не сте биле во кино во животот поише од 10 пати, мрчите за се и сешто умислени дека сте некој дебел водител на некоја си бурекџиска емисија кој арогантно се преправа дека сФе знае?

Занете ли каде е вашиот пад. Знаете ли зошто сме дно? Знаете ли зошто сме за никаде? Оти си мериме својата личност само преку туѓо признание! Ние сме мрсулава копиљаана, дигната на клоци, џитната надвор која не знае што да прави, која секому му се лигави и ако не добие „пажња“, пцуе и фрла со камења.

Не знаеме да го цениме своето, го цените своето само ако некој некаде го признае! Ние да сме ги имале Битлси немаше да ги еспаиме, оти не победиле и не биле на Евровизија! И сега онаа половина која срцепарателно се припотресуваше на „Медена” нема ни да го гледа, оти – фак ју бре, нема Оскар, шо го вртам. А, филмот засега има освоено преку 30 врвни филмски награди и нема попризнаено кинематографско дело до ден денес.

Но, супер и што не доби, оти ќе се поистоветевете со него, а не заслужуваме. Како и се’ друго. Во политика добар е оној кој „сРанците“ го признаваат, а не народот. Како и во политика, така и во спорт, култура, итн итн… Не се цените, не го почитувате своето… па, зошто некој да ви даде почит и признание…?!?!

А, делата на поединци го заслужуваат тоа, и музички и спортски и филмски… Медена е навистина врвно остварување и не се намалува неговата вредност тоа што не освои, но ја намали кај вас, дегено-бескичмењаците, искомпелксираноста наша, сервилноста го прави тој де-баланс каде се што нормално треба да се прифати и поддржи, изостанува оти имаме исчашени и перверзни светогледи прво за себе. Да, ерекцијата во огледалото! Човек оди нагоре само со прифаќање и согледување на успесите и поразите рационално, со достоинство и со исправена глава. Се’ што ни се случува ни е по некоја, не реална, туку космичка заслуга! Како резултатот Интер – Милан 4-2.

Затоа држете го шаторот оти се поише ви клапнува и кога ќе шлапне, следно е звук на лопата! Ќе биде полошо, а тоа е добро!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.