Утринските температури во минус, преку ден сончево но постудено

Времето во вторник во Македонија ќе биде сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура утринска температура се движи во интервалот од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 Целзисуви степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево. Минималната температура се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 4 Целзиусови степени.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен и јужен правец. Температурите на воздухот ќе бидат во пораст.