Утрово гореше „бмв“ на битолчанец

Во раните утрински часови во Битола изгоре автомобил „бмв“, за среќа пожарот бил локализиран пред да се направи поголема штета.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, утринава околу пет часот, бил опожарен автомобил „бмв“ на улицата Ружа Делчевска. Пожарот на автомобилот, сопственост на 30-годишниот Г.М. кој живеел во стан на истата улица бил забележан од сосед.

Иако пожарот бил локализиран од противпожарната единица, автомобилот е значително оштетен.

Битолската полиција извршила увид на местото на инциденот и работи на утврдување на причините за пожарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.