Утрово најстудено во Берово, најтопло во Виница и Крушево со 12 степени

Најстудено утрово беше во Берово каде се измерени два степени, во Битола се измерени три, во Тетово, Скопје-Петровец и Струмица пет, во Лазарополе и Демир Капија шест, во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип, Гевгелија, Охрид, Претор, Куманово, Маврови Анови и Прилеп осум, во Дојран и Попова Шапка 11.

Највисока температура од 12 степени беше измерена во Виница и Крушево, информираат од УХМР.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 28 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.