Утрово повреден пешак на Партизанска

Утринава во 06.30 часот е повреден пешак на булеварот Партизански одреди. Од МВР ја потврдуваат информацијата за Нетпрес и додаваат дека повредениот е пренесен во Ургентен центар.

Пешакот бил удрен од возило „сеат“ со скопски регистерски таблички.

Во моментов се уште се врши увид.