Утрово земјотрес на Халкидики во Грција од 4,1 степен

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Земјотресот е регистриран во 7 часот и 19 минути на длабочина од три километри, во близина на Света Гора на Халкидики.

Регистриран е во Егејското Море, на 113 километри од Солун, а засега нема информации за повредени или материјална штета.

Според очевидци на веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и на островот Тасос.