Утврден предлог-законот од Владата за нов Универзитетски клинички центар

Владата на денешната седница го утврди предлог-законот за реализација на проектот за нов Универзитетски клинички центар. Според овој предлог-закон на Министерството за здравство, се уредуваат постапката и условите за изградба и пуштање во употреба на комплексот градби кои треба да бидат дел од новиот Универзитетски клинички центар.

„Предлог законот опфаќа и реализација на дополнителни инфраструктурни услови за третман и сузбивање на заразни болести и инфекции заради заштита на населението од заразни болести, оптимизација на времето, трошоците или другите ресурси со цел ефикасна реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ преку посебни услови и постапки за доделување на договори за јавна набавка на стоки, услуги и работи за потребите на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“, како и други прашања уредени со овој предлог закон“, велат од владата