Утврдена причината за несреќата на Шабан Шаулиќ

Во сообраќајната несреќа која се случи во Германија утрово околу 6:50 минути на автопатот во правец кон Дортмунд, во автомобилот во кој настрадал Шабан Шаулиќ, повредени се уште две лица.

Неофицијално Германецот кој ја предизвикал сообраќајната несреќа бил под дејство на алкохол и без сообраќајна дозвола.

Неговиот зет Бата Мирковиќ вели дека семејството е во шок.

Шабан тргнал на пат кон аеродромот кога се случила несреќата. Со автомобилот не управувал тој, туку имал возач. Со него бил и неговиот кум кој исто така е повреден.

Несреќата се случила во близина на местото Билефелд, каде што Шабан пеел.

Како што е наведено во полицискиот извештај, двете возила излетале од патот и удриле во банкини, а иницијалниот извештај вели дека три лица се повредени во возило со марка „сеат ибица“.

Шабан Шаулиќ е роден на 6 септември 1951 година, во Шабац. Шабан е српски пејач на фолк музиката, музичар и продуцент, Во текот на својата богата кариера од публиката го добил надимакот „кралот на народната музика“.

Шаулиќ живеел и работел во Белград. Со својата сопруга Гордана има три деца, Санел, Илда и Михаил.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк