Јуве го урна европскиот шампион, нов дебакл на Барса, Роналдо го спаси Јунајтед

58
Allianz Stadium in Turin, Italy, 29 september 2021 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Во средбата од второто коло од Групата Х од фудбалката Лига на шампионите, ослабениот Јувентус на домашен терен во Торино го победи актуелниот европски првак Челзи, додека обо Групата Е во Лисабон Барселона по домашниот дебакл од Баерни доживеа уште еден кај Бенфика.

Дуелот меѓу Јувентус и Челзи донесе две различни полувремиња. По не многу квалитетниот прв дел во кој лондонскиот тим ја имаше доминацијата а домашните ја имаа најзрелата шанса за погодок, во вториот дел „Старата дама“ поведе по само десет секунди игра. Јувентусот тргна од центарот, топката дојде до Бернадески кој го проигра Киеза а овоој ја ја закова под пречката. Во продолжението имаше по неколку шанси на двете страни, а единствената вистинска за израмнување Челзи ја имаше во 84 минута, но Ромелу Лукаку беше непрецизен.

Интересно е што ова беше петтиот последвоателн пораз на Челзи во Италија во Лигата на шампионите. Цртната серија ја отвори против Интер во сезоната 2009/2010, потоа загубија од Наполи во 2011/2012, па од Јувентус во 2012/2013, Рома од 2017/2018, и сега повторно од Јувентус.

Во вториот дуел од Групата Х, Зенит во Санкте Петембург го декласираше шведски Малме со 4:0. Домашните серијата ја отворија во 9 минтуа гога 24-годишниот бразилски напаѓач Клаудињо со својот премиерен погодик во Лигата на шампионите. Во 49 минута предноста на рускиот претставник ја удвои рускиот репрезентативец Далер Кузјаев кој одлучната акција ја круниса со прецизен удар со глава, а во 80 минута 27-годишниот Алекс Сутормин со прецизен удар од 20-ина метри погоди за 3:0. Конечните 4:0 ги постави во самиот финиш бразилскиот интернационалец Вендел.

Шведскиот првак од 53 минута играше со играч помалку, бидејќи по асистенција на ВАР-от, грчкиот судија Сидиропулос го го исклучи Анел Ахмедхоџиќ поради играње со рака со која спречи изгледна ситуација за погодок.

На табелата води Јувентус со шест бодови, Зенит и Челзи имаат по три, а Малме е без бодови.

 

Во Групата Е минхенски Баерн очекувано го победи киевски Динамо со 5:0, а стрелци беа Роберт Левандовски во 12 минута од пенал и во 27, Серж Гнабри во 68, Лерој Соне во 74 и Ериск Максим Чупо-Мотинг во 87 минута. Со овие погодоци Левандовски стаса до бројката од 119 голови во 100 настапи за Баерн.

Во вториот меч од оваа група Бенфика дома со 3:0 ја декласираше Барселона. Португалците ги шокираа Каталонците со раниот погодоко на Уругваецот Дрвин Нуњез во 3 минута. Чекор до победата лисабонската екипа дојде во 69 минута кога Рафа Силва го удвои водството, а конечниот резулат го постави со својот втор гол вечерва Нуњез во 79 минута, од пенал. Очајната вечер на Барса ја дополнми Ерик Гарсија кој во 87 минута заработи црвен картом.

На табелата во Групата Е води Баер со шест бодови и гол-разлика 8:0, Бенфика има четири бодови, Динамо Куев еден а Барселона е без бодови и со гол-разлика 0:6.

 

Во Групата Ф, Манчестер Јунајтед предводГен од Кристијано Роналдо го скрши отпорот на Вилјареал со 2:1. Гостите поведоа со голот на Пако Алкасер во 53 минута, израбни Алеск Телес во 60 минуита, а решавчкиот погодок го постигна Кристијано Роналдо во петтата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Ова беше рекордниот 178-ми настап на Роналдо во Лигата на шампионите и рекордниот 136-ти погодок. До вечерва рекордот го делеше со легендарниот шпански голман Икер Касиљас, Роналдо 101 настап во ЛШ одигра за Реал Мадрид, 54 за Манчестер Јунајтед и 23 во дресот на Јувентус.

Во вториот дуел од оваа група Аталанта во Бергамо се намачи со Јанг Бојс и го совлада со 1:0,. Решавачкиот погодок го постави италијанскиот репрезентативец Матео Песина во 68 минута, откао Колумбиецот Дуван Запата украде една топка и правовремено го проигра.

Во Групата Ф Аталанта води со четири бодови, Манчестер Јунајтед и Јанг Бојс имаат по три бода, а Вилјареал еден бод.

 

Во Групата Г, РБ Салцбург го победи Лил со 2:1, а и двата гола гио постигна Адејени и тоа и двата од пенал во 35 и во 53 минута. За Лил стрелец беше Бурак Јилмаз во 62 минута.

Во вториот меч Волфсбург и Севилја одиграа 1:1. Домашните поведоа во 49 минута преку Ренато Штефен, а за госите израмни Иван Ракитиќ од пенал во 87 минута.

Во Групата Г на табелата води РБ Салзбург со четири бодови, Севилја и Волсфбург имаат по два, а Лил е последен со еден бод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.