Јуве и Лацио лесно до бодовите

Juventus’ Pauloo Dybala scores the gol (1-0) during the italian Serie A soccer match Juventus FC vs Udinese Calcio at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 15 January 2022 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Во саботната програма од 22-то коло на италијанската Серија А, фудбалерите на Јувентус со 2:0 дома го совладаа Удинезе, а Лацио на гости со 3:0 беше подобар кај Салернитана.

Торинската „Стара дама“ поведе во 19 минута со прецизниот удар на Паоло Дибала, а конечниот резултат со удар со глава во 79 минута го поставу Вестон Меккини.

Со победата петтиот Јувентус со 41 бодовно се израмни со четвертопласираната Аталанта но која има два натпревара помалку. Удинезе остана на 20 бодови од 20 натпревари на 14-то место.

Претходно Лацио лесно со три погодока го реши гостувањето кај Салернитана, со два брзи погодока на почетокот од мечот. Двоен стрелец беше Чиро Имобиле во 7 и 10 минута, а потоа прецизен беше во 66 минута Мануел Лаѕари.

Лацио сега со 35 бодови се одржува на шестото место, со три бода и меч повеќе пред градскиот ривал Рома. Салернитана остана последна 20-та со 11 бодови шест помалку од зоната на опстанок.

Во првиот саботен меч Торино со 2:1 извојува гостинска победа кај Сампдорија. Домашните во 18 минута ги доведе Франческо Капуто, но пота следеше пресвртото на гостите со головите на Вилфред Сињо во 27 и Денис Прает во 67 минута.

Торино од 21 меч има 31 бод и моментално е деветти, додека Сампдорија со 20 бодови е 15-та, само четири бодиви повеќе од зоната на испаѓање.

Во недела играат: Сасуоло – Верона, Венеција – Емполи, Рома – Калјари и дербито Аталанта – Интер. Во понеделник се закажани дуелите Болоња – Наполи, Милан – Специја и Фиорентина – Џенова.