Јуве, Милан и Фиорентина во четвртфиналето на италијанскиот куп

ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус во средбата во средата со 4:0 го совлада Удинезе, Милан со 3:0 го победи СПАЛ, а Фиорентина беше подобра од Аталанта со 2:1, по што се пласираа во четврфиналето на италијанскиот куп.

Претходно во вторникот пласман во четврфриналето изборија и Интер, Наполи и Лацио, а последниот патник ќе биде познат во четврток кога се срееќаваат Парам и Рома.

Јувентус немаше многи проблеми со Удинезе, а головите ги постигнаа Гонзало Игуаин во 16, Паоло Дибала во 26 од пенал и во 57, и Даглас Коста од пенал во 61 минута. „Старата дама“ го очекува судирот со подобриот до дуелот меѓу Парма и Рама.

Место меѓу осумте најдобри избори и Милан кој на својот „Сан Сиро“ го победи СПАЛ со головите на Криштоф Пјатек во 20, Сами Касталјехо во 44 и Тео Ернандез во 66 минута. „Росонерите“ во четврфиналето ќе играат против Торино кој минатата седмица ја победи Парма со 5:3 по подоброто изведување на пеналите.

Фиорентина поведе против Аталанта во 11 минута со голот на Патрик Кутроне, кому ова му е премиерен погодок во новиот дрес откако во јануари дојде од Вилверхмептон. Гостите во вториот дел не реализираа две стопроцентни шансо, а израмнија дури во 67 минута преку Јосип Иличич. Три минути подоцна домашните останаа со играч помалуку по исклучувањето на Герман Пацела, но Фиорентина во 84 минута одигра одлична акција која ја заврши со гол Пол Лирола.

Во четвтфриналето Интер ќе се соочи со Фиорентина, а Наполи ќе ги игра против Лацио.