Јуве подобар од новиот првак Итнер, Рома го доби Дерби дела Капитале

Фудбалерите на Јувентус во 37-то коло од Серија А го совладаа со 3:2 Интер во дуелот на досегашниот и новиот првак на Италија, а Рома со 2:0 беше подобра во градското дербси со Лацио.

Јувентус поведе со голот на Кристијано Роналдо во 24 минута, Самир Хандановиќ му го одбрани ударот од белата точка, но Португалецот ја прифати одбиената топка и ја исправи грешката. Пенал беше досуден и на спротивната страна а во 35 минута а во израмнување го претвори Ромелу Лукаку. Во завршните секунди од судиското продолжување на првото полувреме Хуан Квадрадо шитураше силно надвор од гостинскиот шеснаесетник, а топката малку закачи некој од одбрана на Интер и мина низ рацете на Хандановиќ за ново водство на Јувентус.

„Старата дама“ во 55 минута остана со играч помалку, откако вториот жолт картон му беше покажан на Родриго Бентанкур, по што реши да се брани од бројно надмоќниот противник. Во 83 минута Џорцо Кјелини беше во дуел во својот шеснаесетник со Ромелу Лукаку и од него топката се одбив во мрежата на Јувентус за ново израмнување на 2:2. Но пет минути подоцна Квадрадо повторно силно влезе во противничкиот казнен простор и беше соборен од Иван Перишиќ, а најстрогата казна самиот ја претвори во победа на Јувентуси од 3:2.

Ова беше третиот пораз на Интер оваа сезона и 22 победа на Јувентус, со која ги зголеми своите шанси за пласман во Лигата на шампионите. Интер остана водечки со 88 бодови, Аталанта е втора со 78 бодови, третиот Милан и четвртиот Јувентус имаат по 75 бодови, со тоа што „Росонерите“ имаат меч помалку, како и петтопласираниот Наполи со 73 бодови.

Во последниот дуел во саботата во римското дерби Рома го совлада Лацио со 2:0 исфрлувајќи го од сите комбинации за евентуален пласман во Лигата на шампионите.

Рома триумфираше со погодоците Хенрик Мктаријан во 42 и на Педро во 78 минута.

Лацио има 67 бодови и ќе ја заврши сезоната на шестата позиција, додека Рома со 61 бод ќе се бори за зачувување на седмото мести, а двата римски клубови ќе конкурираат за квалификации во европскиот куп.

Претходно Аталанта со гостинската победа кај Џенова од 4:3, го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите, моментално е втора со 78 бодови и најмногу може да падне до четвртото место. Џенова моментално е 14-та со 39 бодови, на коло пред крајот има осум бодови повеќе од зоната на испаѓање.

Македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев имаше уште еден впечатлив настап во Серија А, иако го одигра само вториот дел. Пандев во 67 минута погоди за 2:4, додека во 84 минута го проигра Елдор Шомуродов за 3:4, а истиот играч првиот погодок го постигна во 48 минута. Пандев сезонава постигна 7 погодоци и впиша 3 асистенции.

За тимот од Бергао стрелци беа Дуван Запата во 9, Руслан Малиновски во 26, Робин Госенс во 44 и Марио Пашалиќ во 51 минута.

Специја го обезбеди опстаникот со домашната победа над Торино од 4:1. За домашните стрелци беа Рикардо Сапонара во 19, М’Бала Нѕола во 42 од пенал и во 74 и Мартин Ерлиќ во 84 минута, додека гостите само намалија во 55 минута од пенал Андреа Белоти.

Специја со 38 бодови дојде до 15-то место, а Торино со 35 бодови е на 17-то место, четири бодови над зоната на испаѓање и има два меча за одигрување до крајот.

Во недела на распоредот се дуелите Фиорентина – Наполи, Беневенто – Кротоне, Удинезе – Сампдорија, Парма – Сасуоло, Милан – Калјари и Верона – Болоња.