Јуве се намачи со Сасуоло, Фиорентина преку Аталанта во полуфиналето на Купот на Италија

Juventus’ Dusan Vlahovic scores the gol (2-1) during the quarter-finals of the italian cup soccer match Juventus FC vs US Sassuolo calcio at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 10 february 2022 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус се последните учесници во полуфиналето на Купот на Италија, откако во четвртокот вечерта во Торино со големи напори во финишот славеа со 2:1 над Саусоло.

Паулот Дибнала уште во 3 минута го доведе Јувентус во водство, но во 24 минута Сасуолот израмни преку Хамед Траоре. Победничкиот погодок за „Старата дама“ беше постигнат дури во 88 минута со многу среќа кога топката шутната од Душан Влаховиќ се одби од гостинскиот бек Руан Тресолди, ја промени насоката и заврши во голот.

Фудбалериште на Фиорентина се пласираа во финалето на италијанскиот куп совладувајќи ја Аталанта со 3:2 во четвртфиналниот дуел одигран во четвртокот вечерта во Бергамо.

Полјакот Криштоф Пјатек во 9 минута ја доведе во водство Фиорентина откако реализираше пенал. Аталанта израмни во 30 минута со погодокот на Давиде Запакоста, а резултатски пресврт направи Жереми Бога во 56 минута. Во 71 минута домашниот голман Мусо го одбрани вториот удар на Пјатек од белата точка на дуелот, но Полјакот одбиената топка ја смести во мрежата за 2:2.

Во 79 минута Фиорентина остана со играч помалку, откако Лукас Мартинез Кварта го доби вториот жолт картон. Но и бројно помалубројни гостите дојдоа до победата со голот во третата минута од судиското продолжение на мечот, а голот го постигна српскиот бек Никола Миленковиќ.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат миланските клубиви Милан, кој со 4:0 го декласираше во среда со Лацио, а Интер во вторникот со 2:0 ја победи Рома.