Јуве со победата на дербито со Интер го презема врвот во Серија А

Во најголемото дерби на италијанскиот фудбал Јувентус го победи на гостувањето Интер со 2:1, нанесувајќи му го првиот пораз сезонава и преземајќи му го лидерското место на првенствената табела.

Стрелци за торинската „Стара дама“ беа аргентинскиот интернационалци Пауло Дибала во 4 и Гонзало Игуаин во 80 минура, додека погодокот за Интер го постигна уште еден Аргентинец, Лаута Мартинез во 18 минута од пенал.

Јувентус поведе уште во 4 минута со одличниот гол на Дибала на асистенција од Моралем Пјаниќ, а пет минути подоцна Кристијано Роналдо силно штурираше во пречката од голот на домашните. Одличниот почетокот на мечот го надополни израмнувањето на Мартинез, во 18 минута од белата точка, откако Матијс де Лихт невнимателно играше со рака во својот шеснаесетник. Во 43 минута гостите постигнаа уште еден гол, откако по одличното проигрување со Дибала со убав удар Роналдо го совлада Самир Ханданови, но голот беше поништен по прегледувањето на ВАР-от бидејќи Аргентинецот беше во мал офсајд.

Правата голема шанса во второто полувреме ја имаше Интер во 68 минита, шутираше Векино, топката во грб го погоди Де Лихт и заврши во стативата од голот на Шчечни. И токму во моментите кога Интер беше малку поангажиран, Јувентус поведе одново преку одличната акција која ја заврши Игуаин. Две минути подоцна Интер можеше да израмни, но Шчечни го сопре ударот на Векино.

Сега Јувентус е прв на табелата со 19 бодови, а Интер падна на второто место со 18 бодови.

Аталанта е трета со 16 бодови, откако се врати на својот стадион во Бергамо и во рамките на денешното седмо коло со 3:1 го победи Лече. Стрелци беа Дуван Запата во 35, Папу Гомез во 40 и Робин Госенс во 56 минута, а почесниот гол за гостите го постигна Фабио Лукион во 87 минута Лече е на 18-та позиција со шест бодови.

Торино и Наполи одиграа без голови, а дуелот го одбележа тешкиот пад на гостинскиот бек Елсеид Хисај, кој падна на глава и мораше да биде изнесен од теренот. Наполи се задржа на четвртото место со 13 бодов, додека Торино е деветти со 10 бодови.

Фудбалерите на Фиорентина го победија Удинезе со минимално 1:0, а стрелец беше Никола Миленковиќ во 72 минута. Фиорентина е осма со 11 бодови, а Удинезе е 14-ти со седум бодови.

Рома дома ремизираше со Калјари. Гостите поведоа во 27 минута од пенал што го реализираше Педро Жоао, но бпо само пет минута Лука Капители ја затресе сопствената мрежа и ѝ донесе израмнување на „Волчицата“. Рома е петта на табелата со 12 бодови, а Клајари сега има бод помалку и е седми.

Болоња и Лавио одиграа 2:2, а сите голови беа постигнати во интервал од 18 минути. Домашните поведоа во 22 минута со голот на Ладислав Крејчи а по две минути израмни Чиро Имобиле, Болоња во 32 минута повторно го презема водството преку Родриго Паласио, а Имобиле во 40 повторно му носи израмнување на Лацио. Болоња е 11-та со девет бодови, а Лацио е шести со 11 бодови.

Во саботата Џенова со 1:2 беше поразена дома од Милан, Верона со 2:0 ја победи Сампдорија, а СПАЛ со 1:0 беше подобар од Парма.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.