Јувентус ја одби првата понуда на Баерн за Де Лихт

Баерн неуспешно ги започна преговорите за трансфер на дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт.

Според „Билд“ Јувентус ја одбил првата понуда на минхенскиот клуб од 60 милиони евра плус 10 милиони дополнителни бонуси.

Забележано е дека клубовите ќе продолжат со преговорите, почитувајќи ја желбата на фудбалерот да се пресели во Баерн.

Де Лихт постигна три гола и даде една асистенција на 42 натпревари за клубот од Торино минатата сезона. Неговиот договор е до 30 јуни 2024 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.