Јувентус ја потврди титулата, убедливо најтрофеен клуб во Италија

26 July 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите ја Јувентус во неделата вечерта ја потврдија 36-та титула првак на Италија во историјата, а деветта последователна, откако на две кола пред крајот на свој терен со 2:0 ја совладаа Сампдорија

Јувентус поведе во последните моменти од првото полувеме коа луцидното проигрување на Миралем Пјаничќ во седмата минута од судиското продолжение Кристијано го искористи со прецизен удар од 14 метри да го погоди самиот домл лев агол на немоќниот Аудеро. Победата и титулата на Јувенстус му ја потврди Федерико Бернардески кој во 67 минута во противничката мрежа спроведен една одбиена топка. Пред крајот на мечот Роналдо имаше можост за уште еден погодок но од пенал ја затресе стативата. Сепак,

Јувентус до титулата го донесе Маурицио Сари, кој ја презема екипата на почетокот од сезоната. По долгиот прекин на првенството поради пандемијата на коронавирусот, Јуве забележа шест победи, двапати одигра нерешено и претрпе еден пораз на гости кај Милан со 2:4.

Јувентус со 83 бодови ја обезбеди тутулата две кола пред крајот, има седум бодови повеќе од вториот Интер. Сампдорија е 15-та со 41 бод.

Јувентус стана шампион на Италија деветти пат по ред и 36-то во историјата. Убедливо е најтррофејниот клуб во италијанскиот фудбал, бидејќи „Старата дама“ од Торини има уште рекорден број титули во националниот Куп – 13, како и во Суперкупот на Италија – 8. Покрај тоа, Јувентус остана без две титули од 2004/05 и во сезоната 2005/06 по скандалот со корупција и местење натпревари. Во финалето на Купот сезонава Јуве загуби на пенало од Наполи, откако во регуларниот тек мечот заврши без голови.

На меѓународната сцена Јувентус двапата е победник во денешната Лига на шампионите, трипати во Купот на УЕФА, а по двапати победувал во Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп, и по еднаш во поранешните Куп на победниците на куповите и Интертото Купот.

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле со три погодока придонесе во победата на својот тим од 5:1 на гости кај Верона. Домашните поведоа во 40 минута од пенал преку Амбрабат, но Имобиле израмни во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме, исто така, од белата точка. Во вториот дел прво шутот на Милинковиќ-Савиќ од слободен удар во 57 минута погоди едне од домашните играчи во живиот ѕид и заврши во голот, а веќе во 63 минута Кореа зголеми на 3:1. Имобиле во 84 и повторно од пенал во судиското продолжение го постави конечниот резултат.

Четвртиот Лацио сега има 75 бодови, како и третата Аталанта, а второпласираниот интер има бод повеќе. Верона е десетта со 46 бодови.

Рома со двата реализирани пенала на Вертут, во 45 и 88 минута дома со 2:1 ја совлада Фиорентина, за која стрелев во 54 минута беше Миленковиќ. Четвртата Рома сега има 64 бодови, додека Фиорентина е 12-та со 43 бода.

Калјари со 0:1 беше поразен дома од Удинезе за кој во финишот од клупата влезе Илија Несторовски. Единствениот гол го постигна Окака уште во 3 минута. И Калјари и Удинезе сега имаат по 42 бода и се на 13-то односно 14-то место на табелата.

СПАЛ на свој терен одигра 1:1 со Торино. Поведоа гостие во 58 минута со голот на Верди, а израмни Д’Алесандро во 80 минута. СПАЛ и натаму е последен со 20 бодови, додека Торино со овој бод теоретски се спаси, сега е 16-ти со 39 бодови, седум повеќе од 18-то Лече.

Фудбалерите на Лече пак не успеаја да ѝ се доближат на само бод заостанување на 17-та Џенова на Горан Пандев. Лече во првиот натпревар во неделата загубија на гостувањето кај Болоња со 2:3. Иако на гостите бодовите им беа многу подобри, домашните одлично започнаа и веќе по само пет минути имаа водство од 2:02 со головите на Паласио во втората и Сориано три минути подоцна. Лече во самата завршница од второто полувреме намали со среќниот погодок на Манкусо, а потоа со убавиот погодок на Фалко во 66 минута и изрмани на 2:2. Во третата минута од судиското продолжение играчите на Лече бараа пенал по една гужва во домашниот шеснаесетник, но судијата не се согласи со нив, а веднаш од противнапад Болоња преку Баров дојде до трите бода.

Лече остана на 18-то место со 32 бода, четири помалку од Џемова која во саботата со 0:3 дома загуби од Интер. Во последните две кола Лече мора да го победи Удинезе на гости и Парма на свој терен, и да се надева дека Џенова нема да оствари ниедна победа во дуелите со Сасуоло и Болоња, која сега е 11-та со 46 бодови.