Јувентус бара 18 милиони евра за Игуаин

Италијанскиот фудбалски великан Јувнтус е подготвен ова лето да го продаде 32-годишниот аргентински напаѓач Гонзало Игуаин, и тоа за „само“ 18 милиони евра.

Во трка по Игуаин е Ривер Плата, каде што ја започна кариерата, како и неколку клубови во Англија, но во прв ред најголем интерес пројавува „разбудениот“ Њукасл Јунајтед.

Меѓутоа, Јувентус не сака да го пушти за помалку од 18 милиони евра. Торинската „Стара дама“ го плати дури 90 милиони евра кога во 2016 година пристигна од Наполи.

„Ел Пепито“, како што го нарекуваат Игуаин, во дреот на Јуве забележа 138 настапи на кои постогна 63 погодоци освојувајќи две „скудета“ и два италијански купа.

Неговиот договор со Јувентус завршува во јуни 2021 година. Во текот на кариерата Аргентинецот играше и за Милан, Челзи и Реал Мадрид.