Јувентус ги користи киксевите на Интер, ја зголемува разликата

19 January 2020. ANSA/ANDREA DI MARCO

Фудбалерите на актуелниот италијански шампион Јувентус повторно го искористија киксот на Интер и со домашната победа од 2:1 над Парма 20-то коло во Серија А им побегнаа на „Нераѕируте“ на четири бодови предност.

Двата гола за „Старата дама“ ги постигна португалскиот ас Кристијано Роналдо стасувајќи до 16 голови сезонава во Серија А, а повеќе од него има постигнато само напаѓачот на Лацио, Чиро Имобили кој со вчерашниот „хет-трик“ дојде до 23 погодоци.

Роналдо го доведе Јуве во предност во 43 минута, а израмни Андреас Корнелиус во 55 минута. Но само три минути подоцна домашните играчи изведоа молскавична контра која ја реализираше со погодок Поругалецот, по употребливата повртатна топка од Пауло Дибала.

Јувентус со оваа победа го искористи киксот на Интер кој во неделата кај Лече одигра само 1:1, врзувајќи две кола без победа. Во минатото коло Интер дома одигра исто така 1:1 против Аталанта. Миланскиот тим поведе во 71 минута со голот на Алесандро Бастони, но шест минути подоцна израмни Марко Магоси.

Јувентус води со 51 бод, Интер заостанува со 47, Парма остана на 7-то место со 28 бодови, а Лече е 17-ти со 15 бодови, еден повеќе од зоната на испаѓање.

Во првиот неделен меч Милан го победи Удинезе со 3:2, а јунак беше двојниот стрелец Анте Ребиќ. Гостите поведоа во 6 минута, кога Данецот Јенс Стригер Ларсен го искористи лошто истрчување на голманот Џанлука Донарума и ја погоди небранетата мрежа. Милан се врати во игра преку Ребиќ во 48 минуита, а потоа направи целосен пресврт со головите на Французинот Тео Ернандез во 72 минута. Во 85 минута Кевин Ласања израмни на 2:2, и кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, хрватскиот репрезентативец во последните моменти погоди за осмата победа на Милан сезонава.

Милан сега се искачи на осмото место на табелата со 28 бодови, разбудувајќи ги надежите дека може да се избори за едно од местата кои водат во квалификациите за европските купови, додека Удинезе е безбеден на 14-то место со 24 бодови.

Рома по двата домашни пораза од торинските клобови и трите кола без победа, во Џенова ја прекина црната серија со победа од 3:1. Победата на „Волчицата“ ѝ ја донесоа Ченгиз Индер во 4, Давиде Бираски во 44 постигна автогол и Един Џеко во 74 минута, додека за домашните стрелец беше македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев во 45 минута.

Рома се задржаа на четвртото место со 38 бодови, три повеќе од Аталанта која во понеделник во рамките на истото коло игра со последниот СПАЛ. Џенова е претпоследна 19-та со 14 бодови, пет помалку од Сампдорија која ја држи последната позиција на табелата која гарантира опстанок во лигата.

Болоња и Верона одиграа 1:1. Домашните поведоа во 20 минута преку Матија Бани, а за гостите израмни во 80 минута Фабио Борини. Верона сега има 26 бодови и е на 10-то место, а Болоња со 24 бодови е 12-та.

Немаше победник и во првиот неделен воздбудлив дуел меѓу Бреша и Калјари. Гостие повеода со голот на Жоао Педро во 20 минута, домашните израмнија во 27 минута преку Ернесто Роегроса а истиот играч погоди и за водство на Бреша во 49 минута, а потоа и Педро беше двоен стрелец во 68 минута од пенал. Во 81 првата минута се чини престого од игра беше исклучен повратникот во италијанскиот фудбал Марио Балотели, кој влезе кон средината на вториот дел кога Бреша тргна на трите бода.

Бреша остана на 18-то место со 15 бодови, а за Калјари ова беше првиот бод по четирите порази во низа, кои го симнаа на 30 бодови, на шестото место, но сега со големо заостанување зад местата кои водат во европските купови следната сезона.