Јувентус го доби дербито во Милано

Giuseppe Meazza stadium in Milan 6 January 2021. ANSA / MATTEO BAZZI

Во дерби натпреварот на 16-то коло од италијанското фудбалско првенство, браниелот на тутулата торински Јувентус го совлада како гостин водечкиот Милан со 3:1, нанесувајќи му го првиот првенствен пораз сезонава.

Играч на натпреварот беше Федерико Киеза кој постигна два погодока, првиот за 1:0 во 18 минуа, а вториот во 62 минута за водство на Јуве од 2:1, а во двата наврата му асистираше Пауло Дибала. Во меѓуивреме Калабнрија во 41 минута израмни за 1:1, а победата на „Старата дама“ ја потврди Мекинеи со голот во 76 минута.

Милан остана на 37 бодови, еден повеќе од второпласираниот Интер, додека Јувентус со оваа победа скокна на четвртото место со 30 бодови, и натпревар помалку од водечкиот тандем.

Претходно Специја сензационални како гостин го совлада Наполи со 2:1. Наполи против новајлијата во лигата имаше бројни шасни и поведе во 58 минута со голот на Петања, но десет минути подоцна Специја доби пенал од кој реализираше Н’Ѕолаа. Кога во 77 минута

Кога во 77 минута Специја остана со играч помалку бидејќи поради два жолти картона беше исклучен Исмајли, се очекуваше дека Наполи ќе ја искористи предноста, но во 81 минута Побега следеше еден гостински противнапад и токата која се одби од статувата и ја спровее во мрежата за целосен пресврт.

Со овие три бода Специја излезе од зоната на испаѓање и ега е 16-та со 14 бодови, додека Наполи е петти со 28 бодови.

Изненадување приреди и Сампдорија која со 2:1 го совлада Интер прекинивајќи ја неговата серија од осум последователни победи во Серија А. Интер можеше со победа во Џенова да го заземе првото место на табелата, а имаше и голема шанса за водство на отворањето на мечот, но ударот на Алексис Санчез од пенал во 12 минтуа го одбрани домашниот голман Аудеро. До крајот на првото полуивреме поранешните играчи на Интер, Кандрева во 23 од пенал и Кеита Балде во 38 минута ја доведоа Сампдорија во предноста а Интер до крајот успеа само да намали во 65 минута кога Де Вриј со глава по корнер ја погоди мрежата.

Со поразот Интер остана втор со 36 бодови, зад Милан, а има три повеќе од третата Рома која како гостин со 3:1 го совлада Кротоне.