Јувентус испрати понуда за Нејмар

Барселона и Реал Мадрид водат битка за потписот на Нејмар, а се чини дека сега во целата приказна се вклучува и Јувентус.

Имено, бразилски „Глобоеспорте“ пренесува вест која може да го потресе европскиот фудбал и пишува дека италијанскиот клуб го понудил Пауло Дибала и одредена сума пари за играчот на ПСЖ.

Интересот на двата шпански клуба е веќе одамна познат, но ПСЖ досега ги одбиваше понудите на Барселона, а и со Реал Мадрид не може да пронајде заедничкијазик.

Од друга страна Томас Тухел неодамна изјави дека Нејмар може да си оди ако за него дојде адекватна замена, а Дибала секако дека би можел да биде тоа.

ПСЖ е заинтересиран за Дибала кој оди трансфер во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а неговата иднина во Јувентус и понатаму е под знак прашалник, поради што и самиот чека повик од Париз за да се пресели таму.

Италијанските и шпанските медиуми ја пренесоа информацијата на „Глобоеспорте“, па така „АС“ пишува дека Јувентус покрај Дибала нуди и 100 милиони евра.

Нејмар по конфликтот со челниците на ПСЖ секако сака да го напушти Париз, па би можел да биде заинтересиран да прејде во редовите на италијанскиот првак и да заигра со Кристијано Роналдо.