Јувентус падна во Верона

Фудбалерите на Верона направија големо изненадување во саботата, откако во рамките на 23-то коло од италијанското првенство пред своите навивачи го совладаа водечкиот Јувентус со 2:1.

Верона постигна погодок за водство во 20 минута а стрелец бепе Кумбула, но беше пониште поради минимален офсајд,. Кога кој средината на второто полувреме Кристијано Роналдо во 65 минтуа ги измами својот чувар и погоди за водство на Јувентус, се чинеше дека „Старата дама“ повторно ќе ги освои бодовите без голема игра. Но, бо 76 минута Фабио Борини, ја искористи големата грешка на Миралем Пјаниќ и израмни на 1:1, за Џампаоло Пазини во 87 минута да го реализира пеналот кој беше досуден по играњето на Бонучи со рака.

Верона, која нема доживеано пораз на осум последователни дуели во Серија А – четири победи и четири реми, со оваа победа скокна на шестото место со 34 бодови, додека Јувентус, кој го претрпе и вториот пораз во последните три првенствени меча, и натаму води со 54 бодиви. Вториот Интер, кој во недела го игра градското дерби со Милан, има 51 бод, а трериот Лацио кој гостува кај Парма има 50 бодови.

Торино продолжи да ниже порази и под водство на новиот тренер Лонг, овојпат на домашен терен од Сампдорија. Иако домашните поведоа во 55 минута со голот на Симоен Верди, дозволија гостите за девет минути да направат голем пресврт и да дојдат до победа од 3:1. Гастон Рамирез израмни во 71 минта а веќе во 76 направи пресврт во полза на Сампдори, за кога во во 80 минута стрелец од пенал беше и Фабио Квалјарела.

Торино моментално е на 12-та позиција со 27 бодови, а Сампдорија направи исчекор во бегството од зоната на испаѓање и сега е 16-та со 23 бодови, седум повеќе од местата кои водат во понизок ранг.

Гостинска победа со пресврт од 2:1, оствари и Аталанта кај Фиорентина. Домашните поведоа во 33 минута со голот на Федерико Киеза, во 50 минута израмни Дуван Запата, а победата на гостите ја донесе Руслан Малиновски во 73 минута.

Аталанта го испористи вчерашниот домашен пораз на Рома од Болоња (2:3) и се зацврсти на четвртата позиција, последната која води во Лигата на шампионите со 42 бодови, три повеќе од „Волчицата“. Фиорентина, пак, моментално е на 14-то место со 25 бодови.

Во недела се среќаваат СПАЛ- Сасуоло, Бреша – Удинезе, Наполи – Лече, Ценмова – Калјари, Парма – Лацио а колото го затвора големот миланско дерби меѓу Интер и Милан.