Јувентус преговара со Кулибали

Јувентус започна преговори со дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесува, „Газета дело Спорт“.

„Старата дама“ е во напредни преговори со Челзи за трансфер на Матијас де Лихт, а прва желба за негова замена за Кулибали од Наполи.

Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето. Тој влегува во последната година од договорот, а претседателот на Наполи не ја исклучи можноста за негова продажба.

Раководството на Јувентус вчера имало средба со неговиот агент и постигнале начелен договор за 3-годишна соработка и плата од 6,5 милиони евра по сезона.

30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата.

„Бјанконерите“ се спремни да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис, но Наполи во моментов се обидува да го продаде надвор од Серија А и не сака да го даде на директен конкурент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.