Јувентус привремено на врвот, Буфон го стаса Малдини

ANSA/LUCA ZENNARO

Во првиот натпревар од 17-то коло од италијанското фудбалски првенство Јувентус на гостувањето со 2:1 ја победи Сампдорија, враќајќи се на првото место на Серија А.

Мечот го одбелеќа славеникот Џанлуиџи Буфон кој го впиша 647-от настап во Серија А, со што се израмни со легендата на Милан, Паоло Малдини. Зад нив остана долгогодишниот капитен на Рома, Франческо Тоти со 619 настапи.

Буфон дебитираше во најсилната италијанска лига на 19-ти ноември 1995 година во дресот на Парма против Милан, а таа средба заврши без голови. Буфон тогаш имаше 17 години и 295 дена.

Торинската „Стара дама“ до победата дојде со податоците на Пауло Дибала во 19 и на Кристијано Роналдо во 45 минута, а за двата гола асистираше Алекс Сандро.

За Сампдорија во 35 минута погоди Џанлука Капрари, кој во последните моменти од мечот беше исклучен.

Со победата Јувентус повторно го презема водството со 42 бодови, три повеќе од Интер, додека Сампдорија и натаму со 15 бодови е на 17-та позиција, од која се игра за опстанок во Серија А.