Јувентус се вклучи во трката по потписот на Нејмар

Италијанскиот шампион Јувентус се вмеша во борбата за ангажирање на Нејмар по кого досега се „тркаа“ шпанските фудбалски гиганти Барселона и Реал Мадрид.

Како што пренесе „АС“, Јувентус е подготвен да му плати на Бразилецот 37 милиони евра, исто колку што добива во Франција.

Калчолигашот има намера на ПСЖ да му понуди 100 милиони, како и напаѓачот Пауло Дибала, кој се проценува на 80 милиони.

Минатата сезона, 27-годишниот Бразилец помина настапи на 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 голови и оствари 13 асистенции.

Парискиот клуб го купи Нејмар од Барселона во 2017 година за 222 милиони евра.