Јувентус убедлив во торинското дерби, Лацио го губи здивот

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Милан изненадувачки со високи 3:0 како гостин на „Олимпико“ го совлада второпласираниот Лацио во последниот натпревар од 30-то коло на Серија А.

Милан поведе во 24 минута со помалку среќниот погодок на Хакан Чалханоглу, чиј удар од надвор од шеснаесетникот го погоди Пароло кој го промени правецот на топката и стана недофатлива за Страхоша. На 2:0 зголеми Златан Ибрахимовиќ од пенал кој беше досуден во 35 минута поради играње со рака на Раду. Во 59 минута стрелец беше Анте Ребиќ кој на десет метри од противничкиот гол беше одлично проигран од Бонавентура.

Со оваа победа Милан скокна на шестото место на табелата со 46 бодови, два помалку од петтата Рома, а еден повеќе од седмиот Наполи, но двете екипи имаат по меч помалки. Лацио дополнително го губи чекорот со водечкиот Јувентус, и остана на 68 бодови и веќе заостанува седум бодови, а има четири повеќе од третиот Интер и осум повеќе од четвртата Аталанта кои имаат меч помалку.

Фудбалерите на Јувентус со 4:1 го победија градскиот ривал Торино во првиот саботен меч од 30-то коло на италијанското првенство, а нивниот голман Џанлуиџи Буфон се осами на врвот според бројот настапи во Серија А.

За „Старата дама“ головите ги постигнаа Пауло Дибала во 3 минута, Хуан Квадрадо во 29, а надежите на Торино ги врати привремено Андреа Белоти кој во шестата минута од судиското продолжение на првото полувереме реализираше пенал откако со рака во својот шеснаесетник играше Де Лихт. Но Кристијано Роналдо во 61 минута прекрасно прецизно изведе слободен удар од 25 метри, а во 87 минута сопствената мрежа ја погоди Кофи Џиџи.

Јувентус и натаму е во водство на табелата, а Торино по третиот пораз во низа падна на 15-то место со 31 бод и по комплетирањето на колото може да се најде на само неколку бода над зоната на испаѓање.

Инаку на овој меч 42 годишниот Џанлуиџи Буфон стана самостоен рекордер според бројот на настапите во Серија А, и ова му беше 648-от меч, со што го мина стоперот на Милан, Паоло Малдини, кој има 647 настапи. Истовременое и бекот Леонардо Бонучи го одигра својот 400-ти натпревар за Јувентус во сите натпреварувања.

Роналдо го постигна својот 25-ти погодок оваа сезона во италијнското првенств, кој е прв играч кој постигнал толку погодоци за Јувентус во една сезона од 1961 година, кога тоа му успеа на Омару Сивори.

Сасуоло во интересен меч на домашен терен со 4:2 го совлада Лече. Домашните поведоа во 6 минута преку Франческо Капуто а на одмор се замина без предност откако гостите во 28 минута израмнија преку Фабио Лукиони. Сасуоло повторно поведе во 64 минута од пенал кој го реализираше Доменико Берарди но само по четири минути, исто така, од пенал израмни Марко Манкозу. Сепак во завршницата домашната екипа беше порешителна и преку Жереми Бога во 79 и Мерт Мулдур во 85 минута дојде до сигурна победа.

Сасуоло моментално се проби на деветтото место со 40 бодови, а Лече остана на 25 бодови на 18-то место, од кое се игра квалификација за опстанок, бод помалку од Џенова на Горан Пандев која има меч помалку и во недела може да направи бодовна разлика која ќе ѝ овозможи да се избори за опстанок.

Во недела се играат дуелите: Интер – Болоња, Бреша – Верона, Парма – Фиорентина, Удинезе – Џенова, Сампдорија – СПАЛ, Калјари – Аталанта и Наполи – Рома.