Ужас во Бразил – 42.619 нови случаи на коронавирус за 24 часа, а починаа уште 1.220 лица

Во Бразил беа потврдени 42.619 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а починаа уште 1.220 лица, соопшти Министерството за здравство.

Од почетокот на пандемијата во Бразил, повеќе од 1,75 милиони луѓе се разболеле, а повеќе од 69.000 луѓе починале, пренесува Ројтерс.

Бразил се најде на второто место во светот по САД по бројот на заразени и мртви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.