Ужасно: Кичевчани обесиле мачка, па се пофалиле на „Фејсбук“

Грозоморен чин ја шокираше јавноста во земјава. Имено, М.В. и Д.Ц. од Кичево се изживувале над мачка која подоцна ја обесиле, се фотографирале до неа, па се пофалиле со објава на социјалната мрежа „Фејсбук“.

На фотографијата јасно се гледа ликот на сторителите кои гордо позираат покрај својата жртва – бела преубава мачка, која виси обесена . Монструмите на мачката и ставиле коноп околу вратот, ја мачеле, изложиле на страв и страдање, па ја обесиле. Трето лице го фотографирало и овековечило овој грозен  момент во кој и тројцата уживале, пренесува Анима Мунди.

Членовите на Анима Мунди бараат насилниците да бидат казнети за стореното дело.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.