Ужасно реален извештај на САД за очајот во Македонија

Во извештајот на Стејт Департментот на САД насловен како „Извештај за климата за инвестиции во 2021 година: Северна Македонија“ се потенцираат повеќе аномалии во македонското општество кои Влдата само ги набљудува, но и поттикнува со непреземањето на конкретни чекори.

Па така, се нагласуваат:

-злоупотреба на скратени постапки;

-корупцијата, непотизмот и конфликтот на интереси при јавните набавки;

-селективност во правосудството, односно дека се гонат ситни риби, а главните не одговараат (се брка дедото со кебапи, а Заеви седат во влада);

-поткупот и корупцијата на јавните функционери;

-судскиот систем е подлежен на корупција.

Извештајот се повикува на искуствата на американските бизнисмени, на податоци на Транспаренси Интернешнл и други релеватни фактори.

„Сепак, законите не се подготвуваат редовно врз основа на докази или проценки водени од податоци и на моменти, се движат низ парламентот користејќи скратени законодавни процедури. Додека законите се на сила, спроведување и универзално спроведување на законите и регулативите обично нема и можат да бидат проблем за деловните субјекти и граѓаните“, се истакнува во извештајот и се нагласува:

„Северна Македонија има закони наменети за спротивставување на митото, злоупотребата на службената положба и судирот на интереси, а владините службеници и нивните блиски роднини се законски обврзани да ги објават своите приходи и средства. Сепак, спроведувањето на законите за борба против корупцијата на моменти беше слабо и селективно насочено кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција во спроведувањето на законот, судството и многу други сектори“.

Во делот за корупцијата Стејт Департментот се повикува на Транспаренси Интернешнл и притоа нагласува дека оваа организација ја рангираше Северна Македонија на 111 место од вкупно 180 земји во Индексот за перцепција на корупцијата во 2020 година, што е пад од 5 места, поради недостаток на владини напори за борба против корупцијата и судирот на интереси во јавната администрација.

„Владата не бара приватните компании да воспостават внатрешни кодекси на однесување со кои се забранува поткуп на јавни службеници. Голем број домашни невладини организации се фокусираат на антикорупцијата и транспарентност во јавните финансии и тендерските постапки. Чести се извештаите за непотизам на јавните тендери. Владата не обезбедува посебна заштита на невладините организации вклучени во истрагата на корупцијата. Северна Македонија ги ратификуваше Конвенцијата на ООН против корупција и Конвенцијата на ООН против транснационален организиран криминал и ја потпиша Конвенцијата на ОЕЦД за борба против митото“, истакнуваат во извештајот и додаваат:

„Многу бизниси кои работат во Северна Македонија, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството. Ниту една локална фирма или непрофитна група не обезбедува услуги за проверка на потенцијални локални партнери за инвестиции“.