Јужна Австралија влезе во најстрогото шестдневно „затворање“

Едно од најстрогите епидемиолошки затворање во Австралија започна во четвртокот и ги запре речиси сите активности: собирања на отворени простори, венчавки, погреби, дури и доставање храна, во обидите на властите да го сузбијат ширењето на коронавирусот.

Жителита на социјалните мрежи објавуваат фотографии од пустите улици во Адеалид, главниот град на сојузната држава Јужна Австралија, на првиот ден од ткн „локдаун“. Претходно во средата супермаркетите биле преполни со луѓе кои се снабдувале со резерви од храна и други продукти.

Јужна Австралија, која има околу 1,8 милиони жители или речиси колку и Македонија, забележала 23 случаи на коронавирусот во последниот кластер. Во четвртокот немало нови потврдени случаи на коронаинфекцијата, а 3.200 блиски контакти на заразените се ставени во карантин, соопшти на прес-конференција Никола Спариер, шефица на јавното здравје на оваа австралиска сојузна држава.

Властите наметнаа шестдневно затворање за го искорената она што државниот премиер го опиша како „многу заразно избувнување“ на коронавирусот поврзано со патник кој се вратил од Велика Британија.

„Моравме да преземеме екстремна акција, важна интервенција, за да се отарасиме од оваа болест. Имаме особено тежок сој на вирусот кај кој заразените луѓе немаат симптоми“, изјави премиерт Стивен Маршал за националната австралиска телевизија ABC.

На прашањето дали шест дена затворање ќе бидат доволни, Маршал изјави дека експертите му кажале дека толку време е потребно да се прекине веригата на трансмисијата кога станува збор за овој сој на вирусот SARS-CoV-2.

Според експертите, пак, сѐ уште не е јасно дали во Јужна Австралија се појавил нов сој на коронавирусот.

Во друите делови од Австралија во моментот нема пријавени нови случаи на коронаинфекции. Во сојузната држава Викторија, којашто во октомври беше најголемото жариште, веќе двесетти ден со ред нема нови случаи. Државата Нов Јужен Велс, исто така, не пријави нови зарази.

Затворањето на Јужна Австралија ги засени оптимистичките очекувања дека би можело да селди силно и брзо заздравување на австралиското стопанство пред Божикните празници.