Јужна Европа ги очекува енергетските мигранти

Регионалната влада на шпанските Канарски острови, каде што просечната температура во текот на зимите на паѓа под 20 Целзиусови степени, во септември почна кампања на социјалните мрежи за да и привлече активните и пензионираните луѓе од северните богати европски земји како Велика Британија, Германија и Шведска.

„Не е тајна дека оваа ќе биде зима на голема економска неизвесност во Европа, но на Канарските острови сакаме да иа измениме ситуацијата“, изјави регионалната министерка за туризам Јаиза Кастиља опишувајќи го архипелагот како „економско засолништво“.

Таков потенцијал гледаат и други земји од јужна Европа.

Грчкото министерство за туризам во септември организираше посети на своите највисоки функционери во Австрија и земјите од северна Европа, како Шведска, за да ја „претоври оваа енергетска криза што ја мори Европа во можност“.

Португалската туристичка заедница, исто така, започна кампања а нејзиниот челник Луиш Араухо изјви дека очеквуњатра за доаѓања на зимските туристи од северна Европа се „многу позитивни“. Податоците од туристичкиот сектор го поткрепуваат неговиот оптимизам, додава.

Податоците од интернет пребарувачот за изнајмување станови и куќи HomeToGo покажале дека во споредба со минатата година, пребаруввањата од земјите како Велика Британија, Германија и Холандија порснале за 36, 13 односно 3 отсто за зимско сместување во Шпанија, Грција и Португалија.

Извршниот директор на шпанскиот синџир хотели „Meliá“, Габриел Ескарер вели дека заинтересираните разервираат апартмани на два или три месеца на Канарските острови во текот на оваа зима, со забележлива присутност на постеителие од Скандинавија.

Засолниште во текот на зимата, но и за подоцна

Посетителите и поголемиот број веќе постојани жители на Канарските острови, исто така, доаѓаат од Германија којашто беше многу зависна од рускиот гас пред војната во Украина, и сега е загрижена поради многу можниот недостиг од енергенси во текот на зимата.

Германското училиште на Гран Канарија, коешто е меѓу училиштата кои запишуваат поголем број ученици од странство, оваа година примила 40 пријави од странски ученици, што е повеќе отколку претходните години, но не се прецизирани бројките. Канарското здружение за ко-воркинг Repeople соопшти дека целосно е пополнета во ноември и 80 отсто е пополнето за остатокот од зимата.

Авионските компании ќе го зголемат за 31 отсто бројот на местата на летовите кон Канарските острови, соопшти регионалното биро за туризам. Водеќкиот воздухопловен превозникк „TUI fly“, која ја поврзува Германија со архипелагот, соопшти дека ќе го зголеми бројот на летовите за околу 10 отсто, додавајќи дека енергетските трошоци се „психолопки елемент“ кој тера поголем број луѓе кон југот.

Дигиталната платформа за резервација на сместувањето „Airbnb“ соопшти дека пребарувањето за зимување во јужна Европа тројно се зголемило во периодот меѓу април и јуни.

Селењето е едно од решенијата

Сепак, за мнозинството северни Европекци патот на југ е само сон, имајќи го предвид рекордниот раст на животните трошоци значи дека не можат да си го дозволат луксузот на патувањата и долгите престои во странство.

Намест тоа, повеќето прават резерви од продукти и предмети со коишто ќе се затоплуваат во текот на претстојната зима, како јоргани, садови со кои ќе ја штедат струјата при приготвувањето храна, електрични кебиња, покажуваат податоците од синџирите за малопродажба во Велика Британија.

Од друга страна, пак, некои Британци се одлучиле да се справат и со овој проблем, и се преселиле за постојано.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.