Јужна Кореја го откри првиот случај на „бразилскиот“ сој на коронавирусот

Во Јужна Кореја е идентификуван првиот случај на зараза со новиот сој од коронавирусот SARS-CoV-2, кој првпат беше откриен во Бразил, соопшти во понеделникот Корејската агенција за контрола и превенција на болестите (KDCA).

„Во моментов идентификувани се само 18 случаи на зараза со мутираниот вирус (15 случаи на сојот од Велика Британија, два од Јужноафриканската Република и еден од Бразил). Од денеска ќе бидат засилени котролите за модифицираниот вирус при влез во земјата, сите коишто пристигнуваат од странство ќе треба да покажат резултат од PCR тест направен во рок од 24 часа по пристигнувањето“, се наведува во соопштението на KDCA кое го пренесе службената новинска агенција Yonhap.

Доколку примероците на лице заразено со коронавирусот е меѓу оние кои допатувале од земјите во кои се пронајдени мутирани соеви на SARS-CoV-2, тие материјали ќе бидате претпратени на генетска анализа. Кореја, исто така, ја продолжи забраната за патничките летови од Валика Британија, која на сила е од 23-ти декември.

Прелиминарните истражувања покажале дека новите соев на коронавирусот откриени во Велика Британија и во Јужноафриканската Африка, се позаразни но нема докази дека влијаат врз влошување на текот на болеста или врз смртноста. Во врската со сојот откриен во Бразил, во извештајот на KDCA се забележува дека сѐ уште нема докази за неговата зголемена патогеност.

Новиот „бразилски“ сој на коронавирусот беше идентификуван во декември во бразилската сојузна дражва Рио де Жанеиро. Според виролозите, станува збор за мутација на SARS-CoV-2 од сојот B.1.1.28 веќе распространета во Бразил.

Кон средината на декември беше објавено дека во Велика Британија е откриен нов сој на мутацијата на SARS-CoV-2. Британската Советодавна комисија за нови закани и појави на респираторни вируси подоцна потврди дека новата варијанта на коронавирусот идентификувана првично во Лондон и југозападна Англија има поголема стапка на заразност и бара поголема претпазливост од населението. Иако новата варијанта на вирусот, според прелиминарните процени, може да биде и до 70 отсто позаразна од вообичаената варијанта, нема знаци кои сугерираат дека е поопасна во однос на смртноста или зголемениот број хоспитализации.

Другата мутација на короанвирусот, сојот означен со 501.V2 , првпат е идентификувана во ЈАР ланскиот октомври. Според податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болестите (ECDC), овој вид сега доминатната форма на вирусот во Јужноафриканската Република. Првите сознанија укажуваат, ако и во случајот со „британскиот“ сој, дека е позаразен и дека сѐ уште нема докази дека е влијае врз развој на потешки форми на болеста.