Јужна Кореја и САД одбележуваат 70 години од Корејската војна

Јужна Кореја и Соединетите држави во четвртокот повторно потврдија дека на поделениот Корејски полуостров доследно ќе го бранат „тешко изборениот мир“ на 70-годишнината од избувнувањето на Корејската војна.

На 25-ти јуни 1950 година комунистичката Северна Кореја извела напад врз Јужна Кореја, која ја имала поддршката од САД, Велика Британија и Канада. На страната на Северот се заземаат тогашниот Советски сојуз и Кина, а севкупно во судирот се вмешани на разни начини петнасетина земји. Војната по речиси милион жртви завршува во 1953 година со потпишување на примирје и создавање демилитаризирана зона меѓу двете Кореи, но не и со потврден мировен договор. Таков мировен договор не е потпишан до денес, па затоа Корејскиот полуостров технички сѐ уште е во војна.

„На денешен ден 1950-тата воениот сојуз меѓу САД и Република Кореја е роден од потреба, а јакнеше во крв“, изјавија американскиот министер за одбрана Марк Еспер и неговиот јужнокорејски колега Јеонг Кјеонг-до во заедничко соопштение. Двајцата им одадода почест на „жртвата, храброста и наследст вото на луѓето кои ги положија животите во одбран на слободната, демократска и просперитетна“ Јужна Кореја, се додава во заедничката изјава.

Според процените на министерството за одбрана на Јужна Кореја се проценува дека во војната загинале 520.000 Севернокорејци, 137.000 војници на Јужна Кореја и 37.000 Американци. Според процените на Пјонгјанг во оваа војна биле соборени над 1.500 непријателски авиони, од кој огромно мнозинство американски.

И додека Сеул за почетокот на војната го обвинува Северот, Пјонгјанг кој Корејската војна ја нарекува Победничката татковинска ослободителна војна, вели дека Југот го извел нападот и бил принуден на противнапад.

Службениот весник Родонг Шинмун ја одбележа годишнината во четвртокот пренесувајќи десетици воени приказни со воведник во кој стои дека американската инвазија „целата земја ја претвори во пепел“. „Прекинот на огнот не е мир. Непријателот сега сака ние да го заборавиме 25-ти јуни и да попуштиме во нашата будност“, пишува весникот. Весникот објави фотографија од гробиштата на кој се погребани воените херои во предградието на Пјонгјанг со написот: „Големите постигнувања на победничката генерација нема да бидат заборавени“.

Северна Кореја е под повеќекратни меѓународни санкции поради кршењето на резолуциите за забрана на нејзината воена нуклеарна програма, а Пјонгјанг истакнува дека развојот на неговиот воен арсенал е неопходен за одвраќање на американска агресија.

Пеговорите меѓу Северна Кореја и САД со месеци се во ќорсокак со што и меѓукорејските односи се замрзнати и покрај брзото приближување коешто настапи во 2018 година, кога севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин одржаа три самита.

Од другата страна на демилитаризираната зона во округот Чеорвон, мала група преживеани јужнокорејски воени ветерани ја одбележа годишнината. „Нашата несреќа е што Југот и Северот пораат 70 години да живеат во судир поради војната“, изјави за медиумите ветерен пред да пушти бели гулабици да полетаат како симбол на надежите за постигнување мировен договор.

Ким Џонг-ун во средата ги откажа плановите за воени вежби насочени кон јужниот сосед што беше поздравено во Сеул, откако минатата седмица ја разнесе меѓукорејската канцеларија за врски во својот пограничен град Кесонг, како одмазда за кампањата со пропагандни летоци од Јужна Кореја. Канцеларијата за врски меѓу двете земји беше воспоставен како симбол на меѓукорејската соработка во годините на попуштањето на тензиите и приближувањето. Северот истовремено ги прекина сите канали на комуникација, вклучително и меѓу генералштабовите на двете армии и директната врска меѓу највисоките политички водства на двете земји.

Овие настани покажуваат дека „меѓукорејските односи може во момент да се урнат како кула од карти“, стоуи во воведникот на јужнокорејскиот дневен весник ЏунгАнг. Јужнокорејската страна „упорно замижува“ на провокациите од Пјонгјанг, пишува во текстот и се заклучува дека таквото постапување „го слабее чувството на безбедност“. „Се надеваме дека владата и министерството за одбрана длабоко ќе размислат за уроците од пред 70 години“, се наведува уште во текстот во кој се предупредува дека мирот треба да се чува по секоја цена.

Последните години влошени се и односите меѓу Сеул и Вашингтон поради барањата на американската страна, особено по доаѓањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, Јужна Кореја да издвојува повеќе пари за својата одбрана во која постојано се стационирани 28.500 американски војници. Покрај тоа администрацијата на претходниот американски претседател Барак Обама во 2016 година во Јужна Кореја го размести најскапиот високотехнолошки противракетен систем ТHAAD (Therminal High Altitude Area Defense), за пресретнување на балистичките проектили од Северна Кореја.

Меѓутоа, сојузниците „и натаму цврсто се доследни на одбраната на тешко изборениот мир на Корејскиот полуостров“, се истакнува во изјавата на министрите за одбрана на САД и на Јужна Кореја.