Јужна Кореја има најголем раст на коронaинфекциите од март

Quarantine workers spray disinfectants at night spots of Itaewon neighborhood, following the coronavirus disease (COVID-19) outbreak, in Seoul, South Korea, May 11, 2020. Yonhap/via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. SOUTH KOREA OUT. NO RESALES. NO ARCHIVE.

Јужна Кореја во четвртокот извести за 583 нови случаи на зараза со коронавирусот и два смртни исхода во последното деноноќие, што е најголем број на дневно ниво од март, додека земјата се справува со третиот бран од епидемијата кој не попушта и покрај новите строги мерки за социјално дистанцирање.

Владата во Сеул и околните региони повторно воведе строги мерки на социјално дистанцирање, само еден месец откако тие беа ублажени на крајот од вториот бран. Сега дел од експерите тврдат дека владата прерано започнала со олабавувањето на мерките, додека официјалната дневна бројка на заразите првпат надмина 500 од 6-ти март.

„Мерките беа ублажени поради економската ситуација и зголемениот замор, но тоа беше прерано и дојде до опуштање кај луѓето“, вели за Reuters професорот Ким Ву-ју, од универзитетската болница „Гуро“ во Сеул.

Првиот бран на коронавирусот ја погоди Јужна Кореја кон крајот на февруари за што беше обвинета верска секта во внатрешноста на земјата, но последните случаи се повеќе раштркани околу престолнината Сеул, така што е потешко да им се влезе во трага на контактите и да се сузбие ширењето на заразата.

Армијата нареди десетдневна забрана за напуштање на воените објекти по појавата на коронавирусот во редовите на вооружените сили. Други кластери се забележани во сауна, во средно училиште, во цркви и на други места.

„Коронавирусот дојде и до вашите семејства“, предупреди министерот за здравство Парк Неунг-ху на средбата со здравствените функционери која ја пренесуваше државната телевизија, додавајќи дека вирусот особено се шири меѓу помладата популација.

Од последните 583 случаи, кај 553 во прашање е локално пренесување, а речиси 73 отсто се во поширокиот регион на Сеул, соопшти Корејскиот центар за контрола и превенција на болестите.

Јужна Кореја во моментов од почетокот на пандемијата регистрирала вкуоно 31.218 случаи на заразата, и 515 починати како последица на компликациите кои ги предизвикува Covid-19.