Јужна Кореја издејстува изземање за нејзините компании од американските санкции за Русија

EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Сеул издејствувал од Вашингтон јужниокорејските компании да не поднесуваат барање за лиценцирање од американските власти кога извезуваат технолошки производи во Русија, но извнозните ограничување Јужна Кореја ќе мора да ги усогласи со санцкиите од другите западни земји, објави во петокот на својата мрежна странци јужнокорејското министерство за трговија, индустрија и енергетика.

Во четвртокот во Вашингтон јужнокорејскиот министер за трговија Јое Хан Гу и заменикот американски потсекретар за трговија Дон Грејвс за американските извозни санкции против рускиот технолошки сектор.

„Американската страна забележа дека извозните ограничувања на Јужна Кореја против Русија се во согласност со мерките на меѓународната заедница и се соглас да ја додаде на списокот земји за коишто е направен исклучој од правилата за директен странски производ“, се наведува во соопштението на јужнокорејското министерствот.

Минатата седмица САД воведоа санкции против рускиот технолошки сектор, познати како Правило за странски директни производи (FDPR). Тоа подразбира дека за да се изведат производи со американски технологии од трети земји во Русја, потребно е да се добие лиценца од американските власти.

Земјите кои се иззмени од ова правило воведоа слични санкции на американските и самите издаваат такви дозволи. Пред Јужна Кореја, такво право од Вашингтон добија 27-те членки на ЕУ, Канада, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија.

„Владата ќе преземе дополнителни мерки за контрола на извозот во согласност со сличните мерки на меѓународната заедница и САД“, ссоопштија во Сеул и додаваат дека дополнителните санкции ќе бидат објавени подоцна.

На американската листа FDRP се вклучени 57 позиции во области како што се полупроводници, компјутери, информатичка технологија, сензори и ласерска технологија, за авијацијата и вселенскат технологија.

Претходно американските власти на Сеул му порачаа дека стоките за широка потрошувачка, како паметните телефни, автомобилите, апаратите за домаќинството ќе се сметаат за исклучок од извозните ограничувања.