Јужна Кореја крена авиони по откривањето на 180 севернокорејски борбени летала

Јужнокорејската армија крена во воздух борбени авиони откако открила околу 180 севернокорејски воени авиони кои летале кои летале северно од границата во петокот повеќе од четири часа.

Десет севернокорејски борбени авиони изведоа во октомври слични маневри, што ја натера Јужна Кореја да испрати свои воени авиони во евентуално пресретнување.

Севернокорејските авиони во петокот летале северно од ткн тактичка линија, повлечена 20 километри северно од линијата на военото разграничување или Демилитаризираната зона (DML), истакна во соопштението војската на Јужна Кореја.

Сеул како одговор на тоа кренала 80 авиони, вклучително и американските „невидливи“ ловци „F-35A“. Околу 240 воени авиони учествуваат во заедничките со САД воздухопловните маневри „Vigilant Storm“ во текот на кои авионите ќе изведуваат лажни напади 24 часа на ден .

Околу 240 борбени авиони ќе изведат околу 1.600 летови. Оваа бројка, според американските воздухопловни сили, е најголемата во историјата на одржувањата на овие редовни годишни заеднички вежби. Во петок јужнокорејските сили ќе ги завршат 12-дневните теренски вежби „Hoguk 22“, кои вклучуваат лажни амфибиски десанти и преминување на реки, како и некои вежби со американските сили.

Кревањето на авионите следеа откако Северна Кореја ноќта кон петокот истрелала повеќе од 80 артилериски проектили во морето, а во четвртокот лансираше повеќе ракети, веројатно и неуспешно интерконтинентална балистичка ракета (ICBM). САД и Јужна Кореја тоа го земаа како изговор за продолжување на воздухопловните маневри, што веројатно ќе предизвика нови севернокорејски одмазнички лансирања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.