Јужна Кореја лансирала балистички проектил од подморница

Јужна Кореја успешно во средата лансирала балистички проектил од подморница, соопшти кабинетот на јужнокорејскиот претсадетел објавувајќи дека со тоа станала седмата земја во светот којашто ја поседува ваквата напредна технологија.

Меѓутоа, сите други земји кои имаат балистички проектили море-копне (со англиската кратенка SLBM) имаат и нуклеарно оружје.

Проектилот е лансиран од подморницата „Ahn Chang-ho“, која неодамна беше ставена во фунција, и ја минал предвидената дистанца пред да ја погоди целта, објави Сината куќа, резиденцијата на јужнокорејскиот претседател и додаде дека претседателот Мун Џае-ин го следел тестирањето.

Јужна Кореја ги зајакнува своите воени капацитети поради заканата од Северна Кореја којашто поседува нукеларно оружје, којашто, пак, одговара дека го развива овој вид оружје поради заканата од американските трупи стационирани повеќе од половина век во соседната земја.

Меѓутоа, Јужна Кореја сака да ја преземе од САД оперативната контрила во евентуални воени услови, во согласност со договорот за безбедност склучен меѓу Сеул и Вашингтон.

„Поседувањето на SLBM е многу значакно во смисла на одвраќање на заканите од повеќе насоки. Тоа би требало да одигра голема улога во автономната национална одбрана и во воспоставување на мирот на Корејскиот полуостров во иднина“, се истакнува во соопштението на Сината куќа.

На почетокот од годинава американската администрација ја укина мерката која беше на сила 42 години, а која ѝ забрануваше на Јужна Кореја развој на проектили со дострел поголем од 800 километри.

И Северна Кореја веќе подолг период настојува да развие технологија за лансирање балистички проектили од подморници. Во јануари годинава на парадата во Пјонгјанг беа прикажани четири такви проектили, „најсилното оружје на светот“ како што беа тогаш опишани во државните медиуми,

Претходно во средата Јужна Кореја и Јапонија известија дека утрото Северна Кореја во интервал од неколку минути од централниот дел на земјата истрелала два проектила кои би можеле да бидат балистички ракети кои по прелетани 800 километри паднале во јапонските територијални води.

Информацијата за севернокорејското лансирање е објавена откако Пјонгјанг извести дека успешно тестирал нова крстосувачка ракета со долг дострел изминатиот викенд, нарекувајќа ја „стратешко оружје со голема важност за одвраќање“ на непријателите.

Станува збор за термин кој се користи за нови наведувани проектили кои имаат потенцијал да понесат нуклеарни боеви глави, велат стручњаците за севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.