Јужна Кореја мора да ги надмине историските спорови со Јапонија и да постигне мир со Северна Кореја како клучни чекори кон јакнењето на стабилноста и безбедноста на северноазискиот регион, изјави во понеделникот јужнокорејскиот претседател Јун Сун-јеол.
Ова Јун го порача на церемонијата од одбележувањето на крајот на долгото јапонско колонијално владеење над Корејскиот полуостров од 1910 д 1945 година, додавајќи дека Токио станал партнер во борбата против „заканата за глобалната слобода“ и повикувајќи ги двете нации да ги надминат споровите коишто датираат од тој период.
„Кога односите на Кореја и Јапонија ќе тргнат кон заедничката иднина и кога мисиите на нешто време ќе се усогласат, засновани на нашите заеднички универзални вредности, тоа исто така ќе ни помогне во решавањето на историските проблеми“, изјави Јун.
Односите меѓу двата регионални американски сојузници се затегнати поради повеќе спорови и корејски обвинувања меѓу кои и за тоа дека Јапонија ги терал корејските жени да работат во воени бордели за војската, а конзервативецот Јун кој ја презема претседателската должноста во мај годинава вети подобрување на односите со Токио.
Повика и на широка соработка во областите од економијата и безбедноста до општествени и културни размени „за да се придонесе на меѓународниот мир и просперитет“.
Јун го повтори и ветувањето дека на Северна Кореја ќе ѝ пружи обемна помош, доколку Пјонгјанг престане да ја развива својата нуклеарна програма и започне „вистински и суштински“ процес на отстранувањето на таквото оружје.
„Ќе имплементираме обемна прехранбена програма, ќе пружиме помош за инфраструктурата за производство, пренос и дистрибуција на електричната енергија, ќе спроведеме проекти за модернизација на пристаништата и аеродромите за меѓународна трговија“, рече Јун.
Додаде и дека Сеул е подготвен да помогне во зголемувањето на земјоделската продуктивност на своите сонародници од северот, да ги модернизира болниците и медицинските установи, како и дека ќе преземе чекори за меѓународни вложувања и финансиска поддршка.
Пјонгјанг неодамна го обвини Сеул дека со прекугранични активности ја предизвикал епидемијата на Covid-19 во Северна Кореја, што јужнокорејската страна го отфрлија, и според процените на САД се подготвува да тестира нуклеарно оружје првпат од 2017 година, откако замреа преговорите со Вашингтон за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Најавените заеднички големи воени маневри на САД и Јужна Кореја, Пјонгјанг ги смета за подготовка за инвазија врз Северна Кореја и редовно жестоко реагира. Двете земји технички и натаму се во војна, бидејќи нивниот судир од 1950 до 1953 година заврши со примирје а не со мировен договор.