Јужна Кореја успешно го извела вториот тест на својата ракета

Јужна Кореја во вторникот успешно го извела второто пробно лансирање на својата вселенска ракета „Nuri“, осум месеци по првото тестирање кои заврши со неуспешен обид за поставување во орбитата на пробниот товар.

Второто пробно лансирање било успешно, бидејќи бил поставен лажен сателит во орбитата, изјавил за медиумите јужнокорејскиот министер за наука Ли Јонг-хо. Ракетата била лансирана од вселенскиот центар Наро на јужниот брег на земјата во 16 часот по локално време.

Трикомпонентната ракета „KSLV-II Nuri“, дизајнирана во Корејскиот институт за аеронаутички истражувања (KARI) понела 1,5 тони материја во орбитата, 600 до 800 километри над Земјата.

Станува збор за клучен проект на Јужна Кореја која сака да ја зајакне својата вселенска програма и да постигне амбициозни цели во 6G комуникациската мрежа, шпионските сателити и мисиите на Месечината.

Ракетата користи само јужнокорејски технологии и е првата којашто целосно е развиена во оваа земја. Минатата јужнокорејска ракета, којашто беше лансирана 2013 година, беше развиена во соработка со Русија.

Првиот тест на „Nuri“ ланскиот октомври резултираше со успешно лансирање, но неуспешно поставување на товар во орбитата, бидејќи моторот од третата фаза изгорел пред планираното.

Во KARI планираат да изведат уште најмалку четири тестирања на ракетата до 2027 година. Јужна Кореја во моментов соработува со САД и на дизајнирањето извидувачки орбитер за Месечината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.