Јужноафриканскиот јаглен доцни во Европа поради проблеми во транспортот

Јужноафриканската логистичка компанија „Transnet“ извести во вторникот дека испораките на јаглен во Европа доцни поради излетување на железничка компанија од шините на патот кон пристаништето Ричардс Беј, најавувајќи застој во силниот раст на европскиот увоз.

Нема извештаи за настрадани, а тимовите за итни интервенции биле испратени на местото на несреќата, соопштија од „Transnet“, Не се наведува податокот колкаво количество пренесувала композицијата.

Извозот од Јужна Африка на јагленот за Европа силно пораснал годинава, откако во Европската унија во август на сила стапи забраната за увоз на јаглен од Русија во рамките на западните санкции поради војната во Украина. Европа увезуваше 70 отсто од потребите од јаглен од Русија, којашто по ембаргото го пренасочи увозот кон Турција и кон Индија која го зголеми увозот за 25 отсто мај годинава во однос на истиот месец претходната година.

Во првата половина од годинава Јужна Африка во ЕУ извезла осум пати повеќе јаглен отколку во истиот период минатата 2021 година, објави во август „Thungela Resources“, водечкиот јужноафриканскиот извозник на јаглен и сопственик на „Richards Bay Coal Terminal“ (RBCT), најголемиот терминал за извозот на јаглен во Африка. Според компанијата, за набавките на јужноафриканскиот јаглен постои голема конкуренција меѓу Европа и Азија.

„Треба да се одбележи дека извозот на јаглен преку RBCT во Европа пораснал за 720 отсто, од половина милион тони во првата половина на 2021-ва на 4,1 милиони тони во првата половина од 2022-ра. Во истиот период, извозот преку RBCT во Азија паднал за 17 отсто во споредба со првата половина од 2021 година“, изјави во август финансискиот директор „Thungela Resources“, Деон Смит.

Повеќе јаглен од Јужноафриканската Република, во прв ред, увезувале Холандија, Германија, Полска, Данска, Франција, Италија и Украина, покажале податоците до кои дошла агенцијата Reuters во јуни.

Поради големата побарувачка јужноафриканскиот извозник во првата половина од годинава ги продавал јагленот по просечна цена од 240 долари по тон. Во првата половина од годинава изнесувала, пак 74 долари по тон. Тоа за повеќе од двојно ја зголемила неговата добивка во однос на минатата година, наведува Reuters.

Меѓутоа уште во првата седмица од октомври минатата 2021 година цената на енергетскиот јаглен во Европа го собори историскиот рекорд надминувајќи 300 долари за тон. Претходниот историски рекорд од 219,39 долари по тон забележан во јуни 2008 година, беше надминат на 1-втомври 2021 година.