Новиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2 открен во октомври во Јужноафриканската Република кој сега преовладува во оваа најтешко погодена земја во пандемијата во Африkа, не е посмртоносен но е за 1,5 пати позаразени од оригиналниот вирус, соошти во понеделникот група јужноафрикански стручњаци.
Сојот на коронавирусот чијашто мутиција е наречена 510Y.V2, е „50 отсто позаразна“, но „ништо не упатува на тоа дека новиот сој е посмртоносен“, изјави Салим Абдул Карим, епидемиолог и копретседател на научната комисија на јужноафриканското министерство за здравство. Нивните сознанија се темелат на податоците собрани во најголемите жаришта на заразата во ЈАР.
Јужноафриканската Република има повеќе од 1,3 милиони лица заразени со коронавирусот, од кои починале 37.000 луѓе. Земјата е тешко погодена во вториот бран од пандемијата, а во понеделникот пријави 23-процентен пад на бројот на зарзени, извести во понеделникот министерот за здравство Звели Мкхизе,
Јужноафриканската Република сигурно ја достгинала „точката на пресврт“ во вториот бран, рече Мкхизе, „но сѐ уште е рано за славење“, бидејќи истовремено бројот на хоспитализациите пораснал за 18,3 отсто во однос на минатата седмица. Вториот бран од пандемијата силно го оптоварува здравствениот систем на земјата кој е пред крахирање.
„Иако бројот на пациентите е поголем, смртноста во болницата не се променила меѓу првиот и вториот бран“, истакна стручњакот Ваасила Џасат.
Јужноафриканските власти во декември мораа да воведат нови ограничувања поради откривањето на новиот сој на вирусот.
„Светот го потцени вирусот: тој може да се менува и да се прилагодува“, признава друг стручњак од спомената група Алекс Сигал од Африканскиот здравствено-истражувачки институт.
Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза неодамна најави дека во таа земја со 59 милиони жители ќе стасаат 20 милиони дози вакцини во следните шест месеци, без да открие поединости.
„Засега нема никави докази за делотворноста на овие вакцини против сојот на коронавирусот“, признава Абдул Карим, истакнувајќи дека „во тек е поголем број истражувања“.