Јужноафриканскиот сој на коронавирусот значително го намалува нивото на антителата

Лабораториското истражување покажува дека јужноафриканскиот сој на коронавирусот би можел да ја намали заштитата која ја пружаат антителата развиени по поттикнување од вакцината на „Pfizer/BioNTEch“ дури за две третини, но тоа не значи дека вакцината е неефикасна против оваа мутација, објавија од овој американско-германски тандем компании кои ја развија вакцината против SARS-CoV-2, а резултатите од студијата се објавени во научното списание England Journal of Medicine (NEJM).

Со студијата е утврдено дека вакцината би можела да го неутрализира вирусот и нема докази од други истражувања врз луѓе дека јужноафриканскиот сој ја намалува заштитата која ја пружа вакцината, тврдат од копаниите. Во секој случај, двете компании преговараат за развој на нова верзија на вакцината или за дополнителни дози, доколку биде потребно.

За потребата на ова истражување двете компнии и Универзитетот Тексас (UTMB) развиле во лаборатотија вирус кој содржи исти мутации во S-протеинот (шилецот) на високозаразниот јужноафрикански сој B.1.351. Шилецот со чија помош вирусот влегува во човековата клетка е главната цела на вакцините против Covid-19.

Научниците го тестирале вештачки произведениот вирус на примероци од крвта на вакцинирани лица и утврдиле дека нивото на антителата коешто го неутрализираат вирусот е намалено за две третини во случајот на јужноафриканскиот сој во однос на ефектот од најчестиот сој на вирусот во американските истражувања.

Поради тоа што сѐ уште не е утврден прагот на заштитата, односно минималниот број антитела потребен за заштита од вирусот, засега не е јасно дали намалувањето на антителата за две третини значи и неефикасност на вакцината против сојот на коронавирусот кој се шири по светот.

И покрај овие непознати, професорот од Универзитетот Тексас и коавтор на студијата, Пеи-Јонг Ши, верува дека вакцината на „Pfizer/BioNTech“ во секој случај штити од јужноафриканскиот сој.

„Не знаеме која е минималната неутрализирачка бројка. Не го знаеме прагот“, вели професорот Пеи-Јонг Ши додавајќи дека верува дека досега воочениот имунолошки одговор би бил веројатно значително над потребниот број кој дава заштита.

Односно, клиничките испитувања, како на вакцината на „Pfizer/BioNTech“, така и на вакцината којашто ја произведува „Moderna“, покажале дека тие дават одредена заштита по само една доза со одговор на антителтата понизок од репродуцираните тела предизвикани од јужноафриканскиот сој во лабораториски услови.

Дури и доколку овој сој значително ја намали ефикасноста на вакцината, таа во секој случај би штитела од тешка форма на болеста и смртен исход, истакнува професорот Ши. А токму тоа делување е она коешто го истакнуваат здравствените стручњаци, бидејќи го намалува притисокот на пренатрупаните здравствени системи поради големиот број хоспитализации, додава.

Професорот Ши вели и дека се потребни дополнителни истражувања за да се види дали вакцината дејствува против јужноафриканската мутација, и дека е потребно да се утврди најнискиот број, односно најниското ниво на антитела кои пружаат заштита од овој сој на вирусот.

Од „Pfizer/BioNTech“ велат дека сега во лабораторија анализираат дали нивната вакцина делува и против британскиот сој.

Од „Moderna“ во меѓувреме објавија податоци според коишто кај нивната вакцина се забележува шесткратен пад на нивото на антителата на јужноафриканскиот сој на коронавирусот.