Јужноамериканските лидери порачаа дека се единствени

Лидерот на кубанската Комунистичка партија Раул Кастро, претседателот Мигел Диас-Канел и венецуелскиот претседател Николас Мадуро соопштија дека американските санкции само ќе ја зацврстат нивната одлучност да се здружат и да ги поддржат општествените промени во регионот.

Тројцата лидери претседаваа синоќа со завршната седница на Конференцијата за солидарност во Хавана, на која учествуваа повеќе од 1.300 левичари, пред се од Јужна Америка.

Тридневниот собир на тема „Американската империјалистичка офанзива против прогресивните влади и движења“ одржана е во момент кога има протести ширум Јужна Америка.

Мадуро и Диас-Канел ги демантираа американските обвинувања дека Венецуела и Куба се организатори на немирите во регионот.

– Тоа е старата диктатура на Пиноче и Меѓународниот монетарен фонд. Народот има право да бара алтернатива, истакна Мадуро коментирајќи ги наводите на САД дека Куба стои зад протестите во Чиле.

И кубанскиот претседател негираше вмешаност во немирите во Чиле и во изборите во Аргентина.

– Не обвинуваа нас дека поттикнуваме револуција, додека тие ги покриваат очите, ушите и устата, за да не препознаат што луѓето викаат на улиците – неолиберализмот е економски неуспех и социјална катастрофа, посочи Диас-Канел.

Тој ги обвини САД дека вршат опсада на нивната земја санкционирајќи трети држави кои соработуваат со Куба и упати апел до присутните да ги удвојат напорите за одбрана на Хавана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.