Јужнокореецот застрелан во Жолтото Море сакал да пребегне во Северна Кореја

Јужнокорејската војска дошла до заклучокот дека јужнокорејскиот службеник, кој неодамна беше смртно застрелан од севернокорерјска погранична патрола во Жолтото Море, првично имал намера да пребегне во Северна Кореја, соопштија во понеделникот во парламентот во Сеул.

„Сочувствувам со семејството на загинатиот, но врз основа на разузнавачките информации од Јужна Кореја и САД, добиени од различни извори, потврдена е информацијата за неовото пребегнување во Северна Кораја. Разизнавањето на американско-јужнокорејската коалиција ги користи најдобрите техники во светот за анализа на фактите. Поради безбедноста на граѓаните и националните интереси, не можам да дадам повеќе подробности за изворот на информациите“, изјави на брифингот со јужнокорејските пратеници шефот на парламентарната комисија формирана специјално за овој инцидент, пратеникот од Обединетата демократска партија, Хванг Хи.

Појаснил дека посочениот заклучок бил направен во министерството за одбрана врз основа на „информациите од различни извори“, вклучително и не само фактот дека загинатиот носел елек за спасување, ги оставил чизмите на инспекцискиот брод и се држел за предмет кој плутал, туку и други информации, меѓу кои и разговрот меѓу него и севернокорејските војници.

Во врска со јужнокорејските претпоставки дека Северна Кореја „се ослободила од телото“ односно дека ги спалила неговите останки, Хванг Хи истакнал дека е потребна истрага која ќе се води заедно меѓу двете земји.

„Северна Кореја ја истакна својата позиција, ние направивме прелиминарен заклучок (за ослободувањето од останките), кој произлегува од разни разузнавачки информации“, додал Хванг.

Службеникот на инспекцијата за контрола на риболовот при министерството за океани и риболов на Јужна Кореја, беше пријавен за исчезнат на 21-ви септември од инспекциското пловило во текот на извршување на должнсота во близина на територијалните води на Северна Кореја и, како што се испостави подоцна, бил откриен и застрелан од севернокорејска погранична патрола. Јужнокорејските власти оценија дека станува збор за „шокантен“ инцидент и побараа објаснување од властите во Пјонгјанг. Подоцна на 25-ти септември, Северна Кореја испрати официјална порака до Југот со појаснување за инцидентот вклучително и извинување и израз на „длабоко жалење“ од севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун.

Како што објави Пјонгјанг, пограничната патрола која била алармирана од локалните рибари за „нарушување на границата“, го застрелала човекот бидејќи не одговарала на прашањата и се обидел да избега назад кон јужнокорејската страна. Текот на настаните кои ги презентираше севернокорејската страна е малку поразличен од разузнавачките податоци на Југот, поради што Сеул побара заедничка истрага со Пјонгјанг.