Узунов не се враќа, СДСМ остана без економски тим

164

Се поизвесно е дека најголемата опозициска партија на девет месеци пред изборите останува без економски тим. Иако дел од медиумите наклонети кон опозицијата пишуваа дека одлуката на потпретседателот на потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов, да се повлече од високата позиција во партијата, не е конечна, се позвесно е дека тој нема да се врати во политиката.

Лидерот на економскиот тим на партијата и дефинитивно му врти грб на Зоран Заев и останува на одлуката за негово повлекување од потпретседателското место во СДСМ.

Иако дел од опозициските медиуми деновиве пренесуваа дека оставката на Узунов не е конечна и дека можно е универзитетскиот професор да ја промени таквата одлука по средбата со лидерот Зоран Заев, сепак Узунов вели дека оставката е завршена работа.

– Таков е барем впечатокот ако се земе предвид одговорот на Узунов од кого вчера побаравме дефинитивно да ни каже дали е конечно повлекувањето кое дојде непосредно пред последниот Централен одбор на партијата или, сепак, ќе остави простор за средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, па потоа да размисли за заминување, пишува весникот „Дневник“.

Официјално: Првиот соработник на Заев разочаран од потпишаниот договор си поднесе оставка
Официјално: Првиот соработник на Заев разочаран од потпишаниот договор си поднесе оставка

Не сакајќи да навлегува во детали, високиот функционер на опозицијата кој што воглавно беше задолжен за економскиот дел на СДСМ, преку СМС-комуникација ги нарекол пикантерии пишувањата за неговата оставка.

– Токму затоа што нема ништо пикантно во оставката, тоа е завршена работа, истакнал Узунов за „Дневник“ и истовремено побарал да не се навлегува повеќе во таа дебата.

Засега од СДСМ се уште нема конечни и официјални одговори за повлекувањето на Узунов, ниту за тоа дали е дефинитивно и ако е така, кога ќе назначат нов потпретседател и кој би можел тоа да биде.

Имено, дилемата дали си заминува конечно или не, доаѓа по веста дека се повлекува од високата позиција поради несогласување со Заев околу договорот од 2-ри јуни, но веднаш потоа лидерот на партијата побара средба со него на која, како што се коментираше низ СДСМ, ќе побара од Узунов да размисли за конечна оставка.

СДСМ остана без економски тим: Kој ќе ја пишува изборната програма
СДСМ остана без економски тим: Kој ќе ја пишува изборната програма

Инаку, Ванчо Узунов во неколку наврати и јавно изрази незадоволство од насоките по кои се движи СДСМ. Повлекувањето од политиката беше првично најавено во неговата колумна за „Утрински весник“ веднаш по објавувањето на резултатите на анкетата на ИРИ, а конечната оставка следеше по потпишувањето на Договорот од Пржино.

Повлекувањето на Узунов, кој воедно е и единствениот економски експерт во партијата од политиките на Заев и СДСМ е потег што ја остава партијата  без човек кој би можел евентуално да подготви некаква програма за претстојните изборите.

Освен професорот Узунов, од СДСМ веќе подолго време се има дистанцирано и Зоран Јовановски, кој важеше за еден од најкомпетентните економисти во СДСМ. Ако на ова се додаде дека и Игор Ивановски Шема, од економскиот факултет, се пасивизираше по доаѓањето на Зоран Заев, тогаш се поставува прашањето кој компетентен економист ќе му ја пишува програмата на СДСМ на престојните избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.