Узунов: Со работа и труд ќе го направиме Марвинци достојно и уредно место за живеење

Марвинци претставува една од портите за влез во општина Валандово. Само сплотени заедно, со работа и труд ќе го направиме достојно и уредно место за живеење, вели кандидатот за градоначалникна Општина Валандово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Узунов.

Како дел од проектите во неговата програма за ова место се планира уредување на пешачката патека и нејзино осветлување, но и развој на археолошкиот локалитет ,,Исар” Марвинци-ревитализација на пристапен пат до локалитетот како и изградба на музеј на локалитетот.

Санација на подот во училишната зграда на подрачното училиште, инсталација на современ и енергетски ефикасен систем за загревање на основното училиште, изградба на пречистителна станица и колектор за фекалната канализација за градот Валандово и пречистителна станица во село Марвинци за бојмиските населени места, но и  урбанистички план за село Марвинци се дел од проектите со кои Узунов ја бара довербата од граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.