В понеделник, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) информираме дека утре, поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите 11, 11А, 47А, 55, 55Б, 56, 56А и 160 ќе сообраќаат по неделен воен ред.

Во понеделник, поради државниот празник Илинден , јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.