Вајнстин осуден на 23 години затвор поради сексуално злоставување

Славниот холивудски филмски продуцент Харви Вајнстин е осуден на 23 години затвор за злосторства силувања и сексуални напади, одлучи во средата судот на Менхетен во Њујорк.

Законскиот минумум за злосторствата за кои беше обвинет е пет години затвор и толкуи бараа адвокатите на Вајнстин од судијата Џејмс Барки.

Судијата, кој претседаваше со процесот, пред изрекувањето на казната го сослуша самиот Вајнстин и две жени кои го тужеа за сексуално злоставување.

Поротата на 24-ти феваури одлучи дека некогаш еден од највлијателните луѓе во светот на филмот е виновен за скесуален напад, но беше ослободен по најтешката точка од обвинението дека е скесуален предатор, според којашто можеше да добие доживотен затвор.

Прогласен е виновен за сексуален напад врз поранешната асистентка Мими Халеј, во 2006 година, и за силување на Џесика Ман, некогашна актерка, во 2013 година.

Движењето #MeToo кој настана на платформата против злоставвуањето на Вајнстин и се прошири по целиот свет, веднаш во средата ја поздрави изречената казна.