Вадевме жртви додека се гасеше пожарот во болницата, вели вториот човек на противпожарната единица во Тетово

Има жртви во пожарот, но не би можел да го кажам нивниот број, изјави пред малку вториот човек на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски за Алсат-М. Во продолжение го пренесуваме целиот разговор со новинарот на националната телевизија.

Сашо Трајчевски, заменик-командир на тетовската противпожарна единица, фото: Алсат.

„Значи, во 21 часот и 2 минути е пријавено дека гори модуларната болница во медицинскиот центар во Тетово. Екипите, за 3-4 минути, нема повеќе, се пристигнати на лице место. Со околу 7 возила и над 30 пожарникари е учествувано од двете страни. Кога се екипите пристигнати беше целото во пламен. Значи тоа е внатрешно (почнато), не е надворешно значи. Се што е од наша страна е употребено. 21 и 30 е локализиран пожарот. Во 21 и 45 е ликвидиран компелтно

– Дали имаше жртви?

Да, да. Додека се гасеше пожарот, значи пламените јазици беа огромни бидејќи модуларна е болницата, има пластика. Се вадеа и жртви додека се гасеше.

Отприлика колку жртви имаше?

Не можеме да знаеме. Не можеме, се уште немаме евиденција колку се, што се.

Дали е се исчистено, бидејќи гледаме уште се вадат…

Не, не. Мислам дека има уште една жртва онде што седи. Најверојатно е и почината. Се чека екипа. Значи пожарот е ликвидиран моментално. Од наша страна е употребено се.

Од вашето искуство од што беше пожарот?

Се уште има служби што работат кои треба да утврдат, ние не можеме да даваме такви информации.

фото: Алсат