Вахабисти им донесоа помош на српски семејства во поплавениот Добој

Вахабисти им помогнаа на пет српски семејства кои се меѓу настраданите од поплавите во Добој.

Со овој гест членовите на вахабиската заедница ги изненадија и трогнаа Србите од селото, чиј имот беше речиси целосно уништен од поплавите.

Жителка на селото Осојницаод срце им се заблагорадила на вахабистите притоа велејќи дека тие биле првите кои ги посетиле и им пружиле помош.

– Имам две болни деца, а останав без ништо. Досега никој не не посети, Вие сте првите кои дојдоа и ни донесоа помош. Многу Ви благодарам. Бог да Ве поживее – изјави Милена Милошиќ од селото Осојница.

– Откако се случи потопот постојано се молам Алах да Ви ги олесни маките, а сега дојдовме да Ви помогне колку што можеме – одговори еден од верниците што ја донесе помошта.

Вахабистите со минибус донеел пакети со храна, вода и лекарства за петте српски семејства од селото.